12. вечер на македонскиот аформизам –„АФКО 2024“ во Кочани

Во организација на ЗГ „Афористичка репрезентација на Македонија“ вечерва во Кочани по 12-ти пат се одржа манифестацијата посветена на македонскиот аформизам „АФКО 2024“ година.

Во големата сала на Мултикултурниот центар во Кочани, пред присуство на љубителите на афоризмот се претставија афористичари од Македонија со свои најнови афоризми, а беа доделени и наградите од конкурсот на тема „Маж, жена, љубов и љубомора“.

– На годинешната манифестација „АФКО“ 2024 настапуваат 10 афористичари кои ќе читаат свои најнови афоризми во првиот дел од настанот. Во вториот дел од манифестацијата ќе ги доделиме наградите од конкурсот за афоризми. Минатата година по завршувањето на манифестацијата распишавме конкурс за афоризми на тема „Маж, жена, љубов и љубомора“. На таа тема пристигнаа афоризми од 24 автори. Комисијата работеше во состав Ацо Ѓорѓиев од Струмица, Доне Донев од Кочани и Зоран Јовановиќ од Лесковац, Р. Србија, истакна Јане Атанасов, претседател на ЗГ„ Афористичката репрезентација на Македонија“.

Првата награда на конкурост му припадна на Ристо Филчевски од Струмица, второнаграден е Миле Ѓорѓијоски од Делчево, а треттата награда му припадна на Атанас Крлевски од Велес. Највисоки оцени од жирито добија афоризмите на Јане Атанасов и Чедомир Шопкиќ. На овие автори жирито им додели пофалници.

Годинава манифестацијата „АФКО 2024“ год. се реализира со сопствени средства на организаторите и скромна поддршка од Локалната самоуправа на Кочани. Годинава манифестацијата не се најде на списокот проекти за поддршка од страна на Министерството за култура.

И. Матеничарски

Сподели: