120-те вработени во „Пејпар Мил“ нема да работат до април

Менаџаментот на фабриката за рециклирање на  хартија „Пејпар Мил“  ги пушти на одмор 120-те вработени работници во кочанската фабрика за хартија.

Вработените денеска биле повикани пред фабричката капија при што им биле врачени решенија со кои работниот однос им се продолжува, но до почетокот на април нема да доаѓаат на работа.

За периодот кога нема да работат, фабриката ќе им исплаќа плати, но намалени за 30 отсто.

Производствениот процес целосно е стопиран, а според информации од фабриката се очекува да пристигне таканаречениот вреќаст филтер што ќе биде инсталиран на фабричкиот оџак.

Менаџментот на фабрката претходно го стопираше производството бидејки како што истакнаа нема исплатливост за понатамошно работење ако како реагенс се користи метан, како што им е наложено од Државниот инспекторатот за животна средина.

И. Матеничарски

Сподели: