До 11 ч. во Кочани на гласање во првиот круг од Претседателските избори излегле 14,77 граѓани или 4789 од запишаните избирачи.
Од Општинката изборна комисија информираат дека сите избирачки места се отворени навреме и гласањето се одвива без проблеми.
– Сите избирачки места се отворени навреме и нема поголеми задржувања на гласачите. Пријавени се мали проблеми со УВ апаратите но брзо се надминати и се тече во најдобар ред, истакна за „Гласно“, Билјана Димовска – Гичева, претседателка на ОИК – Кочани.
Во општина Кочани на избирачки список запишани вкупно 32.481 гласач.
Кочанчани денеска гласаат на 63 избирачки места, одоносно на 59 локации со оглед што на четири места се запишани помалку од десет избирачи кои правото на глас го остваруваат во соседното најблиско избирачко место.
Од Општинската изборна комисија ги информираат гласачите дека избирачкото место 0832 што беше лоцирано во објект на ул „Димитар Влахов“, М.З „Страшо Ербапче“ е префлено во училница во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани.
На ниво на Р. Македонија за седмите претседателски избори во избирачкиот список се запишани 1.814.317 граѓани со право на глас.
И. Матеничарски