ОВР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Н.Т.(18) од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела ,,пренесување заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Пријавениот, за време на прогласена пандемија на коронавирус, иако бил должен да ја почитува мерката за изолација во домашни услови, согласно решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, на 17.10.2020 во Кочани, организирал семејна прослава во семејниот дом на која присуствувале поголем број лица.
Со наведеното дејствие постапил спротивно на посебните противепидемиски мерки за заштита на населението од заразни болести и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирус ковид-19.