19-годишник нападнал полицаец пред казино во Кочани

На 31.12.2019 околу 02.00 часот пред казино во Градски трговски центар во Кочани полициски службеници го лишиле од слобода Д.В.(19) од Кочани, бидејќи физички нападнал полициски службеник кој се обидел да го легитимира. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Дневен билтен МВР

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial