Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше предвидената јунска крводарителска акција.
На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 17 дарители и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Крводарителската акција е шеста акција годинава што се спроведува во просториите на Црвен крст – Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.
А. Арсов