Во Кочани започнува ликовната колонија „Арт варијации- Стари поток“ 2020

Од денеска започнува ликовната колонија „Арт варијации- Стари поток“ Кочани 2020 што во организација на Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток“ од Кочани се реализира четврта година по ред.

Колонијата е од меѓународен карактер, но поради ситуацијата со коронавирусот оваа година ќе учествуваат само уметници од Македонија, кои во следните шест денови ќе творат на слободна тема во сопствена режија  од дома.

-На колонијата од Македонија ќе учестувааат десет уметници и тоа, од Кочани, Елизабета Зафирова Стојанова, Наде Ѕмбова и Марија Дончева, од Куманово ќе биде Ники Трендафиловски, Трајан Трајковски и Александар Стефановски. Од Зрновци ни доаѓаат наставничката по ликовно образование Слаѓана Гаврилова, Нина Савева и Марио Деанов, а додека од Виница ни доаѓа уметничката Благица Стојановска, истакна Љупка Стојменова,претседател на здружението „Стари поток“ Кочани

За 28-септември е планирана изложба на отворено, каде уметничките дела ќе бидат презентирани пред кочанската јавност.

И.Матеничарски

Сподели: