„Пониква 2021“ – 25 натпреварувачи на „жешкиот“ асфалт кон Пониква

20 натпреварувач од Македонија и пет гости од странство (Косово и Полска) ќе настапат на ридско-брзинската трка на патеката кон Пониква.

Саботното попладне натпреварувачите ќе го искористат за слободен тренинг и запознавање на патеката, додека официјалниот дел е закажан за утре, кога планирано е да се возат две трки со почеток од 12 ч. и 14 ч.

Стартот на трката е од Градската депонија, на патека долга 5,91 километар, со крајна цел кај месноста „Пашаџиково“.

Трката е во организација на АКК„Перформанс“-Скопје, со поддршка на Автомобилистичката федерација на Македонија.

Патниот правец кон СРЦ „Пониква“ денес и утре во периодот од 12 ч. до 16.ч. ќе биде затворен за сообраќај, информираа од Одделението за внатрешни работи – Кочани.

Посетителите на ридско-брзинските трки потребно е да ги запоседнат позициите за гледање на безбедно растојание пред 12 ч., притоа почитувајки ги протоколите за заштита од Ковид-19.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: