21. Петровденски турнир во мал фудбал за тимот на „Ауто Велт“

Екипата на „Ауто Велт“ е победник на 21. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал, по победата од 3 – 0 во финалниот меч  против тимот на „Фичобербер Шери казино “.

Екипата на „ Ауто Велт“ ја имаше играта под своја контрола во текот на целиот натпревар, на полувреме резултатот беше 2- 0 во нивна корист, а точка на натпреварот беше ставена во вториот дел за конечни 3 -0.

Претходно, на повеќенаменското игралиште во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ се одигра меч за треттото место, каде поуспешен беше тимот на „Рели “ со победа од 4–1 над екипата на „Амфенол“.

На турнирот беа прогласени победниците за прво, второ и трето место, како и најдобар стрелец, играч  и голман. За прв пат на турнирот беше доделена благодарница за најмлад фудбалер.

Екипата на „Ауто Велт “  како победник на турнирот доби ваучер од 60 илјади денари, на второпласираниот тим „Фичобербер Шери казино “ беше доделен ваучер од 30 илјади денари, а екипата на „Рели“  како третопласирана  доби 15 илјади денари. Благодарница за четврто место беше доделена на тимот на „Амфенол“

Наградата за најдобар стрелец на турнирот  беше врачена на Тоше Манов, од тимот на „ Фичобербер Шери казино “со 11 постигнати погодоци. За најдобар фудбалер на турнирот награда доби Кристијан Блажев од тимот на „Ауто Велт “ додека за најдобар голман беше прогласен Далибор Митров исто од „ Ауто Велт “. На тројцата им беа врачени ваучери во вредност од 6000 денари.

Годинава за прв пат, во чест на прерано згаснатиот живот на сограѓанинот Благоја Апостоловски – Баки  беше доделена награда за најдобар млад фудбалер на играчот Филип Јованов од екипата на „Рели“. Наградата ја обезбеди фамилијата Апостоловски, а ја врачи братот на Баки, Даниел.

Благодарници беа врачени и на поддржувачи и помагатели во реализација на 21. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал 2023 година.

Турнирот беше во организација на ОФС – Кочани и Локалната самоуправа на Кочани.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: