„Осогово“ поразен во Прилеп

ГФК „Осогово“ во петтиот контролен меч игран денес во Прилеп е поразен од „Победа“ со резултат од 3-1 (1-0).

„Жолто сините“ мечот го отворија лошо, откако уште во 7. минута од играта примија гол за негатива од 1-0, резултат со кој заминаа на паузата.

Во второто полувреме домаќините искористија две контри и во 70. и 83. минута дадоа нови голови за 3-0. Поразот на „осоговци“ во 86. минута го ублажи Недановски.

Денешниот меч „Осогово“ го започна во следниот состав:

Атанасовски, Коцев, Крклински, Глигоров, Манов, Дончев, Димовски, Михаилов, Трајановски, Здравевски и Недановски. Во игра влегоа уште Паунов и Ѓоргиев.

Во подготвителниот период „жолто-сините“ ги постигнаат следните резултати: Каменица САСА (2-2), Кожуф (1-3), Академија Пандев У 21 (2-1), Овче Поле (5-2).

Продолжението на пролетниот дел од ВМФЛ Исток е следниот викенд кога на „Никола Мантов“ в сабота (29.02) гостува „Беласица“. Мечот се игра со почеток од 14:00 часот.

Сподели: