Во периодот од 26 Септември до 02 Октомври претставници од СОУ “Љупчо Сантов” присуствуваа на првата мобилност за наставници и ученици која се одржа во Истанбул, Турција во рамките на проектот “Демократски училишта” финансиран од програмата Еразмус+. На состанокот присуствуваа наставници и ученици од 4 (четири) проектни партнери и тоа од Македонија, Германија, Литванија како и од земјата домаќин Турција. Учесници од петтиот проектен партнер од Романија, поради пандемијата и рестрикциите кои нивната држава ги има за патувања во Турција, на мобилноста не можеше да присуствува со физичко присуство, па учествуваа виртуелно, онлајн.
Инаку, оваа мобилност првично требаше да се одржи во Март 2020, но заради пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, беше одложена. Сите активности беа паузирани на неопределено време и еве сега конечно по година и пол можеме да продолжиме со реализирање на истите.
Првата средба која се одржа од почетокот на пандемијата и која го одбележа продолжувањето на проектот беше состанокот за наставниците-кооординатори во Германија во периодот од 12 до 16 Јули. На овој состанок од нашето училиште присуствуваше наставникот-координатор на проектот, Лидија Коцева. На средбата во Германија се договараа понатамошните актвивности и како ќе продолжиме со проектот во услови на пандемија. Наставниците ги презентираа и можностите за учество во училиштето на учениците, родителите и наставниците.
За време на мобилноста во Турција учениците ја користеа техниката “бура на идеи”, давајќи свои видувања за тоа како тие учествуваат во активностите во нивните училишта и колку слобода имаат во тој дел а во следната работилница тие дефинираа клучни зборови од областа на демократијата кои потоа секоја група истите ги презентираше пред останатите групи на ученици. За крај на активностите од вториот работен ден, по еден ученик од секое училиште учествуваше во радио програма во училишното радио, кадешто дискутираа за Еразмус + искуствата и нивните импресии од престојот во училиштето и Истанбул. Учениците работеа и на составување еден заеднички прашалник во којшто секоја група на ученици од сите земји учеснички поставија по неколку прашања.
Како важен дел од мобилност е и посетата на културно-историски локалитети и знаменитости во Истанбул како што се палатата Султан Ахмед, црквата св.Ирина, палатата Топкапи и преку информациите од туристичкиот водич учесниците ги проширија своите културолошки познавања.
Следната мобилност ќе се одржи во нашето училиште кон крајот на ноември и очекуваме наставници и ученици од сите проектни патнери.
Претставници и учесници од нашето училиште на првата мобилност во Истанбул, Турција беа: Лидија Коцева – координатор на проектот и Сања Божиновска – наставник по англиски јазик, како и следните ученици: Ивона Антова, Василиа Коцева, Љупка Јорданова, Ефто Трајчев, Леонид Петров и Христијан Мијалков.
Соопштение на СОУ „Љупчо Сантов“