Во периодот од 04.10 до 08.10.2021 год. тим од ученици и професори од СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани беше во Пучиоса – Романија преку Еразмус + програмата. Во проектот освен Романија и Република Северна Македонија учествуваа и Шпанија, Португалија, Полска и Италија. Темата на средбата беше професии од минатото кои полека изумираат, професии актуелни во сегашноста и професии кои би биле барани во иднината. Секое училиште имаше подготвено видеа кои се презентираа и за кои се дискутираше во Романија.
За време на престојот во Романија тимот го посети главниот град Букурешт, Пелеш замокот и замокот на Дракула ставајќи акцент на професиите кои се среќаваа за време на патувањето.Тимот од нашето училиште го сочинуваа професорите: Елена Станкова и Марина Глигорова и пет ученици и тоа: Драгана Трифунова, Јана Ампова, Теодора Санева, Мила Јовановска и Љубинка Јовановска. Сите учесници се стекнаа со нови знаења за различни професии и со нови пријателства со учесниците од секоја држава .
Соопштение на СОУ „Љупчо Сантов“