Околу 13 км асфалт треба да биде поставен на улици и патишта во градот Кочани и во населените места во 2020 година.
Од најавените 30 улици за изградба во тековната година, за 17 веќе е избран изведувачот, јавните набавки се во тек за осум улици, а два патни правци се во фаза на градба. За малкуте останати, наскоро ќе почне тендерската постапка за изведувач.
Тринаесет улици ќе се асфалтираат во градот и тоа во местата Прокарка, Варница, Лесна индустрија, Усова Чешма, во близина на Споменикот на слободата и кај Старата филтер станица. Се чекаат соодветни временски услови за да започнат градежните активности на десет улици во селата Оризари, Тркање, Долни Подлог, Мојанци и Прибачево.
Во руралниот дел ќе се асфалтираат по 2 км од месноста Крушка до Ајдар и од Оризари до Добра Вода.
За најавената градежна офанзива за изградба на улици во Кочани се наменети околу 125 милиони денари, од кои дел се и од општинскиот буџет.
Состојбата дополнително ќе се подобри со реконструкцијата на уште девет улици во градот. Ќе се отстрани горниот слој на асфалтот и ќе се постави нов на делови од улиците: „Раде Кратовче“, „Гошо Викентиев“, „Тодосија Паунов“, „4 Македонска бригада“, два крака на улицата „Маршал Тито“, „Илинденска“, „Плачковица“, „Коста Рацин“ и „9 Мај“, за што, според првичните проценки се потребни околу 46 милиони денари, испланирани средства по разни основи.
Со Програмите за уредување на градежно земјиште, за помалите улици во градот и во населените места, каде пристапот на механизацијата за асфалтирање е отежнат, е планирано бетонирање.
- „Кирил и Методи“–Кочани, кај Споменикот на слободата (избран изведувач)
- „Борис Ефтимов“– Кочани, Варница (јавната набавка за изведувач е во тек)
- „Васил Главинов“– Кочани, Белско Маало(јавната набавка за изведувач е во тек)
- „Искра“ крак 1, исток– Кочани, Усова Чешма(избран изведувач)
- „Искра“ крак 2, исток–Кочани, Усова Чешма (јавната набавка за изведувач е во тек)
- „7 Септември“– Кочани, Усова Чешма, (јавната набавка за изведувач е во тек)
- „Карпошово востание“– Кочани, Усова Чешма (јавната набавка за изведувач е во тек)
- „Крум Вранински“–Кочани, Усова Чешма (јавната набавка за изведувач е во тек)
- „9 Мај“ крак– Кочани, под старата Филтер станица(јавната набавка за изведувач е во тек)
- „560“– Кочани, Лесна индустрија(избран изведувач)
- „565“ крак– Кочани, Лесна индустрија (јавната набавка за изведувач е во тек)
- Довршување на ул. „558“ („Петар Синадинов“) и спојот со ул. „Скопска“ – Кочани, Прокарка(избран изведувач)
- Довршување на ул. „Скопска“– Кочани, Прокарка(избран изведувач)
- „Стефка Тасева“, „Скоевска“, „555“ – Кочани, Прокарка(избран изведувач)
- Локален патКрушка – Ајдар – с. Полаки (избран изведувач)
- Локален патАнтура – с. Мојанци (работите се во тек)
- Локален пат Оризари – Добра Вода(работите се во тек)
- „Михајло Арсов“ – с. Прибачево (избран изведувач)
- „Раде Кратовче“крак 1– с. Оризари (избран изведувач)
- „Раде Кратовче“крак 2– с. Оризари (избран изведувач)
- „АСНОМ“крак 1– с. Оризари (избран изведувач)
- „Тоде Паунов“– с. Долни Подлог(избран изведувач)
- „Маршал Тито“– с. Мојанци (избран изведувач)
- „Ангел Стојчев“ – с. Тркање (избран изведувач)
- „Ангел Донев“ – с. Оризари (избран изведувач)
- „Маршал Тито“ крак 1 – с. Тркање(избран изведувач)
- „Борис Ефтимов“– с. Тркање (избран изведувач)