Распишан конкурсот за доделување на 30 општински стипендии за студентската 2020/2021 година

Општина Кочани го распиша конкурсот за доделување 30 стипендии на студенти, жители на Кочани. Десет стипендии ќе бидат наменети за студенти од социјално загрозени семејства, по пет за студенти од ромската етничка заедница и за студенти на факултетите за медицински науки, а останатите стипендии за студенти кои постигнале висок успех во студирањето.

Доколку на јавниот конкурс не се пријават студенти од ромската етничка заедница, студенти запишани на факултети за медицински науки или нивните пријави се оценети како неприфатливи, стипендиите распределени за овие категории, градоначалникот може да ги додели на студентите од социјално загрозени семејства пријавени по јавниот конкурс кои ги исполнуваат условите за доделување стипендија, според редоследот на рангирање по бодови согласно изготвената ранг-листа.

Месечниот износ на општинската студентска стипендија е 3 илјади денари, а се доделува за десет месеци.

Пријавата и потребните документи се поднесуваат до Едношалтерската канцеларија на  Општина  Кочани или по пошта на адреса: Општина  Кочани, ул. „Раде  Кратовче“ бр. 1, Кочани, најдоцна до13 ноември до 15:30ч.

Условите, критериумите за доделување на стипендиите, начинот и обрасците за пријавување се објавени на веб-страницата на Општина Кочани, kocani.gov.mk, и на огласната табла пред општинската зграда.

Во врска со конкурост, заинтересираните лица подетално може да се информираат со клик ОВДЕ.

Сподели: