3,45 % излезност во Кочани до 9 часот

На избирачките места во Кочани, два часа по почетокот на гласањето, излезноста на Локалните избори изнесува 3,45 отсто.

Според податоците од Државната изборна комисија, во Кочани до 9 часот гласале 1.135 граѓани со право на глас, односно 3,45 отсто од гласачите. Инаку, запишани се 32.972 жители гласачи кои своето право на глас го остваруваат на 63 избирачки места.

Гласачките места во Кочани навремено беа отворени утрово во 07ч., а ќе се гласа до 19 ч. Процесот на гласање го следат акредитирани домашни и странски набљудувачки мисии, како и претставници на политичките партии.

Граѓаните на Кочани денеска бираат помеѓу двајца кандидати за градоначалник и 5 советнички листи за избор на 19 членови во Советот на Општина Кочани. 

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: