48. издание на „Македонски Бисер“ за борачот Реџеп Хајдари

Во организација на Боречката Федерација на Република Македонија и техничка организација на Боречкиот клуб „Спартак“ – Кочани, вчера во спортската сала во ООУ „Никола Карев“ – Кочани се одржа 48. издание на Меѓународниот турнир во борење „Македонски Бисер“.

На турнирот се натпреваруваа 29 борачи од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Бугарија и Еквадор.

Репрезентативецот на Македонија, Реџеп Хајдари е победник на годинешново издание на „Македонски Бисер“, најдобар борач беше Стеан Штерјов, додека за најдобар странски борач е прогласен Егзон Џони од Косово.

На турнирот присуствуваа, олимпискиот борач-шампион Шабан Трстена, освојувачот на бронзениот медал на Олимпијадата, Могамед Ибрагимов, претседателот на БФРМ, Дејан Богданов, министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, пратеникот Миле Лефков и поранешниот претседател на боречката федерација, Ванчо Чифлиганец.

Сподели: