Во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани денеска се одржа Државното првенство во борење слободен стил за мажи и жени до 23 години.

На првенството настапија околу 90 борачи од клубови од Македонија во машка и женска конкуренција родени 2002 година и помлади, регистрирани за 2025 година, во 10 тежински категории за мажи и истот толкав број на категории за жени.

Најдобар пласман екипно во машка конкуренција беше Боречкиот клуб „Вардар“ од Скопје, второпласирана беше екипата на „Лирија“ и треттото место и припадна на борачите од штипски „Балканец“. Првото место во женска конкуренција и припадна на борачките од „7-ми Мај“, второпласирани беа „Балканец“ и третото место за „Вардар“.

Борачите Дамјан Крстов (65 кг.) и Драган Горгиев (57 кг.) од БК „Спартак“ – Кочани освоија третто место во своите тежински категории. Благоја Тасески беше петтопласиран во категоријата до 61 кг., додека Бојан Гигов во категоријата до 79 кг. остана без пласман.


На Државното првенство во борење слободен стил свое учество земаа кочанските боречки судии, Игор Христов и Гоце Ангелов.
И. Матеничарски

