Во Спортската сала во Оризари в сабота 01.02.2020 ќе се одржи 5-ти Традиционалeн детски фудбалски турнир, во чест на патронот на селото Оризари, Св. Атанасиј Велики.
На него ќе учествуваат фубалери од генерациите 2008 и 2010 година од фудбалските школи „Младост-Тошев“ Оризари, „Фудбал Старс“ Кочани, ФК„Кочани“ и ГФК „Неготино“.
Фудбалерите ќе се натпреваруваат во две категории, по четири натпревари во зависност од генерацијата. Преку вкрстување на победниците на крај ќе се игра финале. На најуспешните тимови организаторот ќе им додели награди за освоено место.
Натпреварите започнуваат од 11:00 часот, а доделувањето на наградите е планирано за 16:30.
И.Матеничарски