Верувате дека сте натпросечно интелигентни? Сега можете и да го утврдите тоа со проверка на своите секојдневни навики.
Знаците на натпросечна интелигенција се разни – некои од нив се поврзани со нашите способности, академски достигнувања, талент за математика или музика, а некои се сосема неочекувани.
Ова се 6 помалку познати и необични знаци дека поседувате висок коефициент на интелигенција.
Одите брзо
Луѓето кои се натпросечно интелигентни често одат и до 3 пати побрзо од другите. Едно истражување покажало дека луѓето кои одат брзо имале во просек 16 поени повеќе на тестот за интелигенција отколку луѓето кои одат со просечна брзина.
Мразите да пишувате пораки
Научниците утврдиле дека кратката комунација која со себе ја носи модерното доба како СМС пораки или четови влијаат на коефициентот на интелигенција. Луѓето кои не можат да живеат без ваквиот начин на комуницирање со останатите имаат потешкотии да се фокусираат на задачите, послаба меморија и „сиромашен“ вокабулар и писменост.
Немате премногу пријатели
Бројни истражувања покажуваат дека луѓето тежнеат да бидат опкружени со луѓе кои се на слично интелектуално ниво како нив. Разликата е обично околу 15 поени.
Просечниот жител на планетата Земја има коефициент на интелигеција околу 100. Ако вашиот коефициент е над 115, тогаш е јасно зошто можеби не сте опкружени со премногу луѓе кои се слични на вас.
Често сте загрижени
Високото ниво на интелигенција значи и дека повеќе размислуваме и се трудиме подобро да ги разбереме проблемите, без разлика дали се поврзани со секојдневниот живот или случувањата на глобално ниво. Лицата кои се натпросечно интелигентни повеќе размислуваат за решавање на разните проблеми и многу повеќе се фрустрираат околу нив.
Пцуете
Ова е директна последица од честото анализирање и загриженост, а вашиот мозок се обидува да го „исфрли“ проблемот во облик на збор кој ќе „одѕвонува“. Пцуењето може да биде знак за висока интелигенција, но истото често се толкува како невоспитаност па затоа обидете се да го избегнувате.
Се туширате со студена вода
Туширањето со многу топла вода не е добро за мозокот. Од друга страна, туширањето со студена вода или со вода со наизменична температура ги подобрува когнитивните способости и му дава дополнителна енергија на телото.