На 12.10.2021, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(65) од с.Чифлик, општина Чешиново – Облешево, затоа што околу 11.00 часот во с. Облешево, во близина на сточниот пазар, се однесувал агресивно и упатил закани со остар предмет кон двајца инспектори од Агеницајата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Кочани, кои преземале службени дејствија. По комплетирање на случајот против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР-ШТИП