66 нови случаи на КОВИД-19, од нив 3 во Кочани

Во изминатото деноноќие потврдени се три нови случаи на заразен од коронавирус, на подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје – Кочани.

Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција информираше дека во стабилна состојба се и двете деца од Кочани кои се заразени со вирусот . Тие се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и се под постојан надзор на докторите.

Кочани се наоѓа на деветото место по бројот на заразени во Македонија, со 25 заболени лица од кои 24 се активни случаи.

И.Матеничарски

Сподели: