77-годишен кочанец тешко повреден во сообраќајка

Во Полициската станица Кочани вчера во 12.35 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Димитар Влахов“, ул.„Бел камен“ и ул.„Крижевска“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.Д.(39) од село Чешиново, и патничко моторно возило „застава 750“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(77) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил  Ј.Г., а со телесни повреди се здобил М.Д. констатирани во Општата болница во Кочани.

Сподели: