Најава: Театарска претстава „Хумана приказна“ за запознавање на граѓаните со институцијата Народен правобранител

Во Центарот за култура „Бели Мугри“ ,“ в петок од 20:00 часот ќе се оддржи претставата „Хумана Приказна“, како дел од проектот „Мој Омбудсман-театарот како метод за зголемување на основните човекови права“.

Замислата на овој проект е преку театарска претстава да се информираат граѓаните за надлежностите на институцијата, во кои случаи тие можат да побараат заштита од страна на Омбудсманот, како и промовирање на Народниот правобранител пред поголема група на граѓани.

Сценариото на претставата опфаќа области во кои Народниот правобранител врши заштита и тоа: недискриминација и соодветна и рамноправна застапеност, затворски ситуации, здравствени прашања, работи поврзани со деца, деца и возрасни со посебни потреби, образование, социјални работи, полиција, урбанизам и градежништво, животна средина и многу други.

Влезот за претставата е бесплатен.


Сподели: