Повторно се разгоре Кочанско поле – пожарникарите на висина на задачата, наградата од 10 илјади денари ветена од Владата за пожарите во Кочани во 2021 се уште не е исплатена

Нема мир за кочанските пожарникари кога се во прашање полските пожари што периодов ги предивикуваат земојделците со палење на стрништата низ Кочанско поле.

Доцна попаднево Територијалната противпожарна единица – Кочани интервенираше на гасење на запалени стрнишита во атарот на село Грдовци во правец на Зрновци и Мојанци. Огнената стихија е ставена под контрола и спречено е нејзино проширување, а од ТППЕ – Кочани е интервенирано со две возила и пет пожарникари.

Апелите против палењето на стрништата кои периодов ги испратија од Територијалната противпожарна единица – Кочани очигледно не вродија со плод, па земјоделците ја продолжија практиката на неконтролираното палење на жетвените остатици.

Иако секогаш на висина на задачата и во првите редови во борба со огнената стихија, пожарникарите од регионот кои учествуваа во гасење на летните пожари што во август  2021 год. го зафатија Кочани се уште чекаат на ветените 10 илјади денари од Владата, како благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожртвуваност во справување огнената стихија.

На 4 август 2021 година, Владата на Република Македонија на 94. Седница донесе одлука да се додели парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои дел пожарникари, а дел останати граѓани кои помогнаа во гаснењето на шумските пожари, кои ја зафатија територијата на државата.

– Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој донесе Одлука за одобрување средства од резервите на Буџетот за 2021 година со која ќе се додели парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои дел пожарникари, а дел останати граѓани кои помогнаа во гаснењето на шумските пожари, кои ја зафатија територијата на државата. Листата на граѓани кои ќе ја добијат наградата ќе биде утврдена во соработка со општините, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, стоеше во соопштението на Владата на Македонија.

Каде заврши скромно ветената награда од 10 илјади денари за пожарникарите се уште е енигма. Дали Владата Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот со управување со кризи или општините ја заборавија ветената награда за пожарникарите од регионот кои со натчовечки напори се бореа со стихијата во Кочани останува да видиме?

https://vlada.mk/node/26117?fbclid=IwAR1dnDad-yrkqVMUnFe2HzSOoFCPy9PoShzFolVpQBv_h5sz6SwZk0JLMbY
Сподели: