СОУ „Гошо Викентиев“ оди на Светско првенство во роботика во Мароко – тимот победник на „Прва Лего лига“

Тимот ученици на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани е победник на националниот натпревар по роботика „Прва Лего лига“ – Македонија што денеска се одржа на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во роботика што ќе се одржи од  18 –  21 мај во Мароко.

Тимот „The Makbot Pioneers“ беше севкупен победник во конкуренција на осум екипи ученици од Скопје и Тетово. Натпреварот се состоеше од 4 категории, игра со роботи, иновативен проект, дизајн на робот и основни вредноти.

Натпреварот на учесниците им овозможува стекнување вештини и способности неопходни за живот на 21. век, додека креативноста и критичкото размислување се главните цели на оваа лига. Натпреварот е за деца од 9 до 16 години, кои се натпреваруваат тимски.

Настанот беше во организација на Академијата за роботика и иновации, а ко-организатор е Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

И. Матеничарски

Сподели: