„Музички караван“ во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани

Во просториите на ООМУ „Ритсо Јуруков“ – Кочани вчера се одржа најавениот „Музички караван“ што се реализираше во соработка со Музичка академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

На настанот свое излагање имаше проф д-р Милица Шкариќ – професор на Музичката академија при УГ – Штип на тема „Поставување на раката кај децата, почетници по пијано“ а по завршувањето на предавањето започна вториот, музичкиот дел.

Во музичкиот дел беше одржан концерт на кој освен ученици од ООМУ „Ристо Куруков“ – Кочани, учествуваа и ученици од ООМУ  „Васо Карајанов“ – Гевгелија и ООМУ „Методи Патче“ – Охрид.

Сподели: