Европски јуниор аџивмент награда за СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

На Европскиот натпревар за претприемништво и иновации  GEN 2023 -Е кој се одржа во Истанбул од 11 до 14 јули средното училиште ,,Љупчо Сантов,, од Кочани доби награда за претприемничко училиште која ја доделува Јуниор Аџивмент Европа.

 Наградите за претприемнички училишта се признание за извонредните основни, средни и стручни училишта од Европа кои се залагаат за претприемничко образование преку имплементација на Јуниор Аџивмент програмите за развој на претприемнички вештини и финансиска писменост.

Изборот прво го вршат националните Јуниор Аџивмент организации во соработка со нивните национални образовни власти и министерства за образование, а потоа училиштата аплицираат до Јуниор Аџивмент Европа која согласно исполнетите европски критериуми за претприемничко образование ги доделува ТЕС наградите.

СОУ,, Љупчо Сантов,, веќе шеста година по ред активно е вклучено во реализација на програмите на Јуниор Аџивмент Македонија : ученички компании, иновативни кампови, циркуларна економија, ЕСП сертификација за претприемнички вештини, кампови за развој на вештини на ученици, професионални обуки за наставници и соработници. Од 2018 год. до денес во програмите на ЈА Македонија биле вклучени повеќе од 300 ученици кои со нивните ментори учествувале на националните натпревари за ученички компании, кампови на иновации на национално и интернационално ниво, ги поминале програмите за циркуларна економија и се здобиле со европски ЕСП сертификат за претприемачки вештини.

Добиената европска награда за претприемништво е поттик и мотивација за постигнување на уште поголеми успеси во иднина.

СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

Сподели: