Во знак на сеќавање на својот починат член, планинарот Стамен Каровски, Планинарско – спортскиот клуб „Осогово“ на 27 август ќе реализира Меморијален планинарски марш до највисокиот врв на Пониква, врвот Панаѓур 1669 метри надморска височина на Осоговските Планини.
Планинарскиот марш е планирано да започне од паркингот на туристичкиот локалитет Пониква. Маршутата на двжење е кружна по маркирана планинарска патека, која најголем дел поминува низ букова шума. Последните метри до врвот, движењето е по пасиштен терен. Должината на патеката е 9 километри и е од лесен карактер наменета за сите планинари, рекреативци и вљубеници во природата.
Организаторот на маршот за сите учесници има обезбедено планинарски ручек.
Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на маршот потребно е своето учество да го пријават до 25 август, на телефонскиот број 078/270-724.
Меморијалниот планинарски марш „Стамен Каровски“ се реализира со поддршка на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија и Општина Кочани.
И. Матеничарски