Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ периодот интензивно работи на работни активности за одржување на водоводната, канализациона и атмосферска мрежа во градот и населените места како и на одржување на јавните зелени површини.
Екипите на сектор Водовод и канализација во текот на изминатата седмица спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следите локации : ул. „Григор Прличев“, ул. „Охридска“, ул. „Раде Кратовче“, ул. „Поп Арсов Блаже“, ул. „1 ви Мај“, во с. Прибачево, во с. Оризари и други локации.
Екипите на сектор Водовод и канализација во текот на изминатата седмица исто така спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следните места: чистење сифони на повеќе локации во градот, отпушување и чистење на улична фекалана канализација со мала цистерна со притисок и перење на истата во с. Оризари, контрола на фекални шахти на повеќе места во Кочани и рачно чистење на сливници во населените места околу Кочани.
Спроведени се активности за расчистување на затнати шахти, отзатнување на атмосферски канализации и чистење на фекални шахти во с. Грдовци. Исто така се вршеше чистење и отпушување на улична фекална канализација со цистерна со притисок и перење на истата на ул. „Теодосие Паунов”. Се интервенираше во отпушување и чистење на канализациона мрежа на ул. „Украинска“ во индустрискиот дел во Кочани и на други места.
Еипите на сектор Градско зеленило во текот на изминатата седмица спроведоа активности за косење на зелени површини на следните локации: патен правец кон месноста Пресека Оризари, патен правец кон с. Пантелеј, влезови во градот со особен акцент на кружните текови на влезот во Кочани. Ваквите активности беа спроведени со сопствена специјализирана механизација наменета за косење на големи и тешко пристапни зелени површини.
Екипите на сектор Градско зеленило во текот на изминатата седмица исто така спроведоа активности за косење на зелени површини и во централното градско подрачје. Во рамките на планираните активности со специјализирана механизација беа искосени зелени површини во речното корито по течението на реката од Железничкиот мост низводно.
Од сектор Водовод и канализација ги пуштија во употреба постоечките чешми за пиење вода на три локации во Кочани кои се во надлежност на претпријатието и кое ќе врши секојдневни проверки и контроли на сите чешми.
Пуштени во употреба се чешмите за пиење вода во кругот на детското игралиште кај Атомските згради, во населбата Усова Чешма и на ул.„Теодосие Паунов” наспроти бензинската пумпа на Лукоил.