Во Зрновци заврши тридневната ликовна колонија што во организација на ОУ „Синиша Стоилов“ – Зрновци се реализираше во рамки на програмата за одбележување на 8 ноември – Денот на Општината.
Под мотото„ Општина Зрновци – место на инспирација и создавање“ на колонијата твореа осум уметници и 12 ученици од училиштето во најразлични техники како акрил на платно, рељеф-теракоти и скулптура од отпадено железо при што се создадоа над 35 ликовни дела.
Делата од ликовната колонија ќе бидат претставени на заедничка изложба во вторник, 7 ноември со почеток од 14 ч. во Домот на културата во Зрновци.
Ликовно – уметничката колонија се организира вторпат поддржана од Општина Зрновци, ОУ ,,Синиша Стоилов“ и Локалниот младински Совет на Зрновци.
И. Матеничарски