Целосно или делумно оштетени се рефлектирачките столбови поставени за одбележување на монтажните кружни текови кај Двојниот мост и во Стришани.



Неколку месеци од поставувањето столбовите се искршени, дел како последица од удар од други возила, а придонес имаат и временските неприлики со оглед на фактот дека се изработени од пластичен материјал.


Оштетувањето доведува во ситуација да кружниот тек ја нема својата првобитна форма и воедно претставува опасност за учесниците во сообраќајот.

Оштетување на рефлектирачките столбови е забележано и на други локации во градот каде се поставени, при што учесниците во сообраќајот апелираат што побрзо оштетените столбови да се заменат со нови или во најдобар случај да се изградат кружни текови според стандардите.
И. Матеничарски