Стоматолошката ординација „Оптимус Дентал“ и докторите М-р, Д-р Мери Арсовски и Д-р Андон Арсовски преку едукативни објави во соработка со интеренет-порталот „Гласно“ ќе ве доближат до стоматологијата, притоа споделувајки интересни едукативни информации во областа на оралното здравје.
Во денешната објава ќе прочитате за важноста на орално здравје за време на бременоста!!!

За време на бременоста, телото на жената се менува до непрепознатливо, а жените се соочуваат со многу дотогаш непознати за нив здравствени промени. Кога станува збор за проблемите поврзани со оралното здравје за време на бременоста,наша препорака е никако да не се занемаруваат, бидејќи тие можат да бидат причина за дополнителни компликации за вас или вашето бебе.
Според статистичките податоци гингивитисот и пародонтитисот се најчестите проблеми поврзани со оралното здравје на жената во текот на овие 9 месеци.
Запомнете дека по утврдувањето на бременоста, во првиот триместар, исклучително е важно да го посетите вашиот стоматолог за да ја проверите состојбата на вашите заби и да ви ги даде вистинските совети кои треба да ги следите во текот на месеците кои доаѓаат.

Што предизвикува проблеми за време на бременоста?
Хормоналните промени кои настануваат за време на бременоста може да го загрозат здравјето на непцата на мајката и да предизвикаат гингивитис (воспаление на непцатакое со соодветен професионален третман и домашна нега е реверзибилено). Најчесто ова се случува во вториот триместар, а кога гингивитот не се лекува, може да напредува во пародонтит. Тој е посериозна форма на заболување на непцата, која освен воспалителни промени вклучува и губење на коскената маса и е водечка причина за загуба на забите. Студиите исто така покажуваат силна врска помеѓу мајки кои имаат пародонтална болест ипредвремено породување, спонтани абортуси ,бебиња со мала родилна тежина или мала гестациска зрелост, гестациски дијабет и прееклампсија .
Рефлукс на желудникот или повраќање поврзани со утринска мачнина се исто така причина за орални проблеми.Честото присуство на желудочна киселина може да ја оштети површината на забот (емајлот) и да го зголеми ризикот од кариес.За да го минимизирате ризикот од ова:
- Избегнувајте миење на забите веднаш по повраќање. Додека забите се покриени со стомачна киселина, четкањето може да ја оштети забната глеѓ;
- Исплакнете ја устата темелно со обична вода;
- Почекајте еден час пред четкање;
- Користете паста и вода за испирање на уста кои што содржат флуор.
Некои жени страдаат од необично силна желба за храна за време на бременоста.Поради ова јадат почесто и послатка храна, која пак го зголемува ризикот од кариес. Ако сепак вашиот глад е посилен од вас, изберете да јадете поздрава слатка храна како свежо овошје.
Ако знаеме дека механизамот на настанување на кариес оди на тој начин што кога внесуваме храна таа ја прави усната средина кисела ,во која пак кисела средина полесно се размножуваат бактериите причинители на кариесот, и со тоа делуваат на ослабување на глеѓта на забите, станува сосем јасно зошто треба да се избегнува постојаното внесување храна.

На бремените мајки им се потребни пренатални витамини кои содржат фолна киселина, која го одржува здравјето на бебето за време на бременоста. При изборот на витамин, не потпирајте се на витамини за џвакање или гумени витамини, особено ако ги земате по миењето на забите или пред спиење. Тие се лепат за забите и содржат шеќер, кој може да ги оштети забите.
За време на бременостазголемете го внесот на калциумот. Ова ќе ги заштити вашите коски и коските на вашето бебе во развој. Добри извори на калциум вклучуваат:
- млеко, сирење,кашкавал, обичен јогурт или овошен јогурт без шеќер;
- соја, бадем или млеко од овие продукти;
- темно зелен листест зеленчук
- црн грав,наут,леќа
- сушени смокви,суво грозје,портокал,капини
Зголемете го внесот на витамин Д.Ова е витамин кој му помага на телото да го процесира и користи калциумот. Умерено сончање и урамнотежена исхрана се задолжителни за секоја трудница.Ако имате недостаток на витамин Д, добро е да земате суплементи што може да ги препорача вашиот лекар.
Важно: Грижа за забите започнува пред бременоста!
Помалку е веројатноста да имате проблеми со забите за време на бременоста ако правилно се грижите за нив пред да забремените. Не заборавајте:
- Мијте ги забите најмалку два пати на ден;
- Фокусирајте се на здравата исхрана и ограничете го внесот на храна и пијалоци богати со додатен шеќер;
- Избегнувајте пушење;
- Посетете го вашиот стоматолог на секои 6 до 12 месеци.
Ако планирате да забремените, посетете го вашиот стоматолог за да разговарате за третманите што се потребни да се извршат пред да забремените. Ако ви треба стоматолошки третман за време на самата бременост, задолжително побарајте го, немојте да одложувате.

Едукативните објави имаат за цел зголемување на информираноста и потенцирање на важноста и значењето на оралното здравје за целокупната човечка благосостојба. Сите информации изнесени во објавата се став на авторот.