Започна 20. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал

На повеќенаменското спортско игралиште во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ вечерва со дуелот на тимовите на „Џинџер“ и „Пјаца“ беше отворено 20. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал 2022 година.

Честа да го отвори традиционалниот Петровденски турнир годинава ја имаше секретарот на Општина Кочани, Дејан Рашков кој го изведе првиот шут. Пред почетокот на турнирот поздравно обраќање имаше и советничката во Советот на Општина Кочани, Кристина Атанасова Арсова.

Во првото коло од групата А екипата на „Џинџер“ беше поуспешна од противникот „Пјаца“ со резултат од 6-1.

На вториот дуел вечерва тимот на„АНТ Градски“ го совлада тимот на „„Еволушан“  со резултат од 5:2 групата (Г).

Следните средби се закажани за утре, 25 јуни кога  ќе се сретнат екипите на:

19: 00 ч. „Виктор“ – ПЗУ „Панов“  (Б)

20:00 ч. „Ауто Велт“ – „Масив Дизајн“ (Б)

21: 00 ч. „Детелинка“ – „АНТ Градски“ (Г)

Турнирот се игра според футсал правила по три натревари дневно, а планирани се и резервни денови доколку временските услови не се поволни за игра. Финалето на турнирот е закажано за 12 јули на Петровден.

На турнирот ќе се избира најдобар играч, стрелец и голман, а најдобрите три екипи ќе добијат 60 илјади, 30 илјади и 15 илјади денари.

И. Матеничарски

Сподели: