Под мотото „Нов научен јазик – нова визија за животот“, „Искра“ го одбележа Европскиот ден на јазиците

Под мотото „Нов научен јазик – нова визија за животот“, ЈОУБ „Искра“ – Кочани го одбележа 26 Септември, Европскиот ден на јазиците.

На настанот свое излагањ во рамки на одбележувањето имаа Јалчн Неџипов – дипломиран правник, национален лидер на движењето „Аваја“ и Серџе Мемедова – студент на правен факултет, член на движењето „Аваја“.

Во рамки на одбележувањето беше промовиран и романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска, прогласен за роман на годината од страна на фондацијата „Славко Јаневски“.

Европскиот ден на јазиците се одбележува од 2001 година и има за цел промоција на спецификите и запознавање со  културата на јазиците на европскиот континент.

И. Матеничарски

Сподели: