КЈП „Водовод“ санира ама нема кој да асфалтира

Раскопани улици и тротори е секојдневната слика во Кочани по секоја санација на дефект од водоводната и канализациона мрежа на подрачјето на градот – реагираат граѓани до интернет – порталот „Гласно“.

Граѓани велат дека по секоја санација на дефект на водоводната мрежа местото каде е саниран дефектот останува раскопано и со земја и не се враќа во првобитната состојба.

Такви ударни „дупки“ има скоро на секоја улица и тротоар низ градот што дополнително го отежнува движењето и на пешаците и на возачите.

Една од нив е и раскопаниот асфалт на крстосницата кај поранешниот Воен отсек кој месеци по санацијата на дефектот се уште не е асфалтирана. Слична е ситуацијата и на улицата „Христијан Карпош“, „ 1-ви Мај“, „Д-р Николич“ и други.

Граѓаните кои не контактираа велат дека кога еден проблем ќе се реши веднаш настанува нов, па така местата каде се санираат водоводните дефекти со месеци, а некаде и години не се враќаат во првобитната состојба. Дождот и атмосферските води дополнително го разнесуваат наносот од земја по целата улица што е дополнително создава проблеми при движењето.

Апелираат во иднина работите да се довршуваат до крај и местата каде има дефекти да бидат асфалтирани или бетонирани.

И. Матненичарски

Фото: A. Арсов

Сподели: