Екипата на ГФК „Осогово“ е првиот тим кој останал непоразен во новосезонските дуели со „Брегалница“ .
На гостувањето во Штип, ГФК „Осогово“ одигра натпревар без победник, со резултата од 1-1 против довчерашниот лидер на табелата „Брегалница“.
„Жолто сините“ во завршницата стигнаа до голем бод кај фаворитот и го запишаа второто реми во новата сезона. Илија Далчески беше стрелец на погодокот со кој гостите го изненадија противникот во 64. минута.
Домаќинот имаше повеќе од играта, а тоа беше очекувано со оглед на разликата во квалитет. Сепак, долго време не можеше да ја надмудри одбраната на „Осогово“, која одолеваше на заканите до 59. минута. Тогаш Антонио Митрев го отвори резултатот, што на крај се покажа како недоволно за цел плен и четврта победа за штипјани.
Ова беше трето реми во меѓусебните дуели на овие два ривали. На претходните седум, пет пати се радуваше „Брегалница“, а два меча завршија без победник.
Во следното коло „Осогово“ ја пречекува екипата на виничка „Слога“.
Резултати од 4-тото коло во ВМФЛ-Исток
„Брегалница“ – „Осогово“ 1:1
„Слога 1934“ – „Кожуф“ 1:1
„Росоман“ – „Каменица Саса“ 3:2
„Кит Го“ – „Тиквеш“ 0:3
„Победа“ – „Плачковица“ 0:0