Aсфалтирањето на патот од Подлог до Мојанци продолжува и на 7 мај – сообраќајот е слободен

Асфалтирањето на локалниот пат од Подлог до Мојанци ќеп родолжи и в четврток, на 7 мај.

Изведувачот на работите, градежната компанија „Стоименов“ најави дека активностите ќе се одвиваат од Подрачното основно училиште во Подлог кон мостот на влезот во Подлог. Времената измена на сообраќајниот режим, што важеше изминативе два дена е укината, а сообраќајот ќе се одвива нормално.

Со асфалтирањето и на овој дел, реконструкцијата влегува во завршница.

Градежните активности се пролонгираа поради доцнењето на изведбата на колекторскиот систем од проектот за изградба на Пречистителната станица за отпадни води во близината на селото Мојанци, кој на две места преминува преку патниот правец од Кочани до Мојанци.

Средствата за реконструкција се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial