Mалолетник со мотоцикл направил сообраќајка, родителот физички се пресметал со другиот возач

Вчера во 16.55 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во с.Спанчево, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед, со штипски регистарски ознаки, управуван од Г.Т.(56) од с.Спанчево и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Тркање, кочанско.

Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Клинички центар Штип.

Според пријавеното, веднаш по несреќата, Г.С.(45), родител на малолетникот, пристигнал на местото и физички го нападнал Г.Т..

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели: