Make a friend day во СОУ „Љупчо Сантов“

Членовите на младинската организација „Единство“ денеска беа домаќини на нивните врсници од младинската организација при СОУ„ Ванчо Прќе“ Виница. Работилницата имаше за цел остварување на нови контакти, пријателства,  размена на искуства и градење соработки. 

Преку ротирачки систем на разговор на интересни теми, секој од членовите доби прилика да се запознае со секого и да создаде долготрајни пријателства.  Ова е прв активност од ваков вид, и е добра основа за идни заеднички соработки помеѓу двете младински организации.

И.Матеничарски

Сподели: