Oдговор на прес-конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Партиска прес-конференција за сеење магла и справување со предизборен страв

Почитувани, Свесни сте дека не само претходниот, туку ниту еден друг градоначалник на Кочани не успеал за период од две години како изминативе, да почне со реализација на толку многу крупни, капитални проекти во Кочани.

Нема да ги набројуваме, затоа што ги знаете сите, до еден. Од оваа партиска прес-конференција, како задолжение што ви е наметнато, видлив е само вашиот огромен страв од претстојните парламентарни избори.

Граѓаните пак, уште долго нема да ги заборават милионските долгови што ѝ ги оставивте на Општина Кочани, но и личниот комодитет што од нивниот грб си го обезбедивте за вас и за вашите поколенија.

Таква е вашата грижа за Кочани, која ја гледавме повеќе од една деценија. Таква грижа – никогаш повеќе!

Кабинет на градоначалникот на Општина Кочани

Сподели: