Викендот се започна со еколошка акција за расчистување и заштита на животната средина во подрачјето на викенд населбата Брана- Дивичен вир.
– И покрај снежните врнежи и лошите временски услови се успеа да се расчисти дел од дивата депонија која ја имаат направено лично поединци сопственици на викендиците. Апелирам до сите сторители на загадување на животната средина, да се однесуваат совесно и одговоро кон природните убавини на ова викенд место, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.
Локалната самоуправа на Општина Зрновци во рамките на своите законски должности ќе ги превземе сите чекори за заштита на животната средина.
Општина Зрновци