Во спортската сала во ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани започна со тренинзи новоотворената секција на Клубот за реален аикидо „Нико“ – Кочани.
Секцијата е дел од РА „Нико“ е отворена со цел аикидото да биде подостапно и во другите делови на градот со можност во него да членуваат деца од најразлична возраст.
– Кочани има потенцијал во спортот, општо и особено во боречките вештини. Аикидото како репрезентативен спорт, покрај каратето и борењето, во соработка со сите клубови целта е да ги собереме децата од пред телефоните и компјутерите и да ги активираме во некој спорт. Поради тоа ја отвораме аикидо секцијата овде во ООУ „Малина Попиванова“ да бидеме поблиску до оние кои сакаа да тренираат. На првиот тренинг се пријавија 30 – тина деца и се надеваме дека бројот ќе расте, истакна Николчо Гоцев мајстор трети дан, од РА „Нико“.
Тренинзите ќе ги водат Кирил Апостолов и Кирил Јованов, мајстор втори дан во реален аикидо и членови на РА „Нико“. Целта е секции на клубот да се отворат и во соседните општини и во микро регионот со цел аикидото како како боречка вештина за самоодбрана да биде подостапна за љубителите на овој спорт.
Тренинзите во секцијата на РА „Нико“ во ООУ „Малина Попиванова“ ќе се реализираат секој понеделник и среда од 19:30 ч. , додека во ООУ „Никола Карев“ секој вторник и четврток.
Отворањето на секциите на РА „Нико“ е со поддршка на Аикидо федерацијата на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.
Од РА „Нико“ најавија дека во следниот период ќе се реализира Државниот натпревар во реален аикидо, во најава е и Меѓународен натпревар во аикидо, со надеж дека Кочани ќе биде домаќин на клубови и натпреварувачи од државата и странство.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов