Oтворени избирачките места во Кочани

Од Општинската изборна комисија Кочани информираат дека сите избирачки места во  Кочани се отворени точно во 07:00 ч. Гласањето тече во најдобар ред.

Денеска ќе се гласа на 63 избирачки места,односно на 60 локации во општината.

Процесот на гласање во Кочани ќе го следат акредитирани домашни и странски набљудувачки мисии, како и претставници на политичките партии.

Поради посебниот протокол за заштита од коронавирусот, гласањето е продолжено за два часа и ќе трае до 21:00 ч.

А.Арсов

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial