Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ – Кочани објави јавен повик за доставување апликации за кандидати за листата на советници од партијата во пресрет на претстојните Локалните избори закажани за 17 октомври.
Во јавниот повик стои:
„Почитувани,
ги покануваме сите заинтересирани кои ги поддржуваат нашите политики и се подготвени да допринесат за нaшата општина, да аплицираат како кандидати за советници за локалните избори на 17 октомври 2021 година. Апликантите треба да се полнолетни, да се државјани на Р. Македонија, да се способни за работа и да не се во процедура за активност што е спротивно со законот. Кандидатите треба да испратат кратко CV со програма за идеи, визија и проекти за развој на општината за периодот од 2021 – 2025 година.
Апликациите можете да ги испратите на vmrokocani2021@gmail.com или можете лично да се пријавите во просториите на Централниот штаб на ВМРО – ДПМНЕ
Повикот ќе трае од 09.08. до 16.08. 2021 година„ стои во јавниот повик на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани.