OO на СДСМ Чешиново – Облешево – Соопштение

Локалната власт на ВМРО – ДПМНЕ во Чешиново-Облешево никако да се разбуди од зимскиот сон. Поминаа 7 месеци од превземањето на локалната власт, а градоначалникот Далибор Ангелов и раководството на ВМРО – ДПМНЕ не се појавуват во јавност . Апатијата на ВМРО – ДПМНЕ оди до таму што  не само што не ги реализираат  ветените проекти  пред изборите туку не можат да ги довршат и проектите оставени од претходниот градоначалник. Пред очите на целата јавност и по социјалните медиуми ВМРО – ДПМНЕ се фали со проекти завршени и реализирани од претходниот градоначалник.

Јавно го прашуваме градоначалникот за вчерашната објава проект  “Детско игралиште со реквизити и опрема”  како може да манипулира со жителите на Чешиново-Облешево? По повод објавата за проектот бараме одговор на следниве прашања од Вмро: кога е направен проектот , кога се одобрени и обезбедени средствата и кога е завршен ?

Проблемите се таложат од ден во ден во секое населено место , а ВМРО – ДПМНЕ наместо да ги решава крои планови и стратегија за блокади и предвремени парламентарни избри. Ваква пасивност што се случува во изминатите неколку месеци од страна на локалната власт вмро-дпмне не се памети во општина Чешиново-Облешево.

Со почит,

ОО на СДСМ Чешиново-Облешево

Сподели: