Почитувани сограѓани,
Реакцијата на ДПМНЕ и чудната им интерпретација на целиот настан – е разбирлива. Со години наназад се научени само да земаат од граѓаните, а кога некој сака да им даде – тоа е несфатливо за нив. Поткупот е нивна стратегија, а уценувањето, заплашувањето и условувањето – начин на кој сакаат да управуваат во секоја пора во општеството. Не можат да сфатат дека не сме исти.
Ние како партија организиравме акција, а единствена цел ни беше да им помогнеме на социјално ранливите категории и стоиме зад таа одлука. Нам не ни е понижување да го посетиме, да го слушнеме, да го разбереме и да му помогнеме на секој граѓанин. Ако за ДПМНЕ социјалниот пакет е за смеење и потценување, за некои граѓани е неопходен. Жал ни е што на ваков начин сакаат да ја искриват сликата пред граѓаните, ама едно е точно – ние се грижиме за нив, а тие се трудат на секаков можен начин да го изложат поединецот на штета и ризик, само да бидат во потрага по политички поени.
Во тешки времиња кога сите сме засегнати, особено најранливите социјални категории – солидарноста, хуманоста, пожртвуваноста се карактеристики кои ги красат луѓето. Секој еден кој ќе се дрзне овие вредности да ги оквалификува поинаку, треба да се преиспита себе си каков човек е. Искрено подадена рака и помош, не е политичка кампања туку возвишена особина на добар човек.
Сепак, сè се сведува на перцепција – СПОРЕД НИВ – МИТО, СПОРЕД НАС – ПОМОШ!
Ги повикуваме сите хумани граѓани и организации да помагаат кога е најтешко и да ги почитуваат мерките на Владата сè со цел – побрзо да го надминеме овој тежок период.
Воедно го повикуваме и претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Кочани Миле Лефков да го напушти бунилото во кое е неговата партија, да придонесе кон носење на промислени и рационални одлуки и да покаже хуманост!
За крај, почитувани граѓани, Ви порачувам да ги следете доследно препораките на Владата и останете во добро здравје.
Секретар на ОО СДСМ Кочани
Марија Ангелова