Во организација на Извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани денеска во Градскиот парк се одржа настан со натпреварувачки карактер со наслов „Scouts Ride“. На полигон со препреки околу 40 деца презентираа вештини на управување со велосипед, а воедно и меѓусебно се натпреваруваа.
Исто така повозрасните возеа велосипеди до Браната Градче на патека долга 12 километри. На крајот од натпреварувањето организаторите доделија благодарници на најуспешните велосипедисти.
Извидничкиот одред „Ластовица“ преку овој настан го промовираше велосипедизмот како начин за зачувување на здрава животна средина како и бенефитите што произлегуваат од користењето велосипед за здравјето на луѓето.
И.Матеничарски