Со победнички дух СОУ,, Љупчо Сантов,, Кочани, учествуваше на Вториот циклус Bootcamp од програмата на UPSHIFT, сектор ВОЗДУХ, кој се одржа од 4-6 април 2024г во Струга. На истиот учество како финалисти имаа 10 тимови од средните училишта во нашата држава, односно 50 ученици заедно со своите ментори работеа на своите иновативни решенија со кои дејствуваат врз загадениот воздух и го подобруваат неговиот квалитет.
Тимот од ,,Љупчо Сантов,, Кочани составен од ученици во втора година Александра Чолева, Михаела Манчова, Сара Јорданова, Марко Костадинов Крстев и Давид Лазаров под менторство на професорот Борче Алексов, работеа на своето иновативно решение ЕКОСЕПАРО ФИЛТЕР односно ЕКО ДРВО. Решението е всушност две во едно односно превентивно преку своето стебло- отпадниот сепаратор на сензори ќе врши селектирање на отпадот по категории и ќе има влијание врз спречувањето на појава од стакленички гасови како главни причинители на глобалното затоплување, од друга страна ЕКО ДРВОТО има и симптоматско решение на проблемот насочено кон подобрување на квалитетот на воздухот преку неговиот воздушен филтратот, кој е составен од влекачко растение Epipremnium aureum и подлога од зеолит и активен јаглен. Можноста на ова растение да генерира кислород преку процесот на фотосинтеза, како и добро познатите бенефити на активниот јаглен и зеолитот во делот на прочистувањето на воздухот му даваат уште една поширока димензија на решението да има двојно делување.
Со ваквото идејно решение тимот од СОУ,,Љупчо Сантов,, Кочани ја освои награта која вклучува 120.000 МКД за реализација на истото, а воедно го доби и епитетот НАЈUPSHIFT средно училиште, како најнаградувано училиште во рамките на UPSHIFT програмата.