Борачот на „Спартак“, Јован Илиев освои златен медал во категоријата до 55 килограми на традиционалниот Меѓународен турнир во борење во грчко-римски стил „Куп на Хасково“ што денес се одржа во Хасково, Р. Бугарија. Борачот Илиев беше прогласен и за најдобар странски натпреварувач на турнирот.


Во конкуренција на повеќе од 200 борачи тројцата претставници на БК „Спартак“ од Кочани освоија еден златен и еден бронзен медал, додека третиот натпреварувач заврши на петтото место.

Третото место и бронзениот медал го освои Даријан Павлев во категорија до 65 килограми, додека Филип Ангелов во категорија до 80 килограми заврши на петтото место.

Екипата од Кочани ја предводеше тренерот Зоран Сребренов на кој домаќинот на турнирот му додели плакета.

Меѓународниот судија судија Гоце Ангелов од Кочани беше судија на турнирот.
И. Матеничарски


