Венко Крстевски – Повикувам на обединување за конечна победа на партиската машинерија и нивните финансиери во Кочани

Почитувани сограѓани,

ова е повик за обединување, да се обединиме и сите заедно да ја победиме партиската машинерија, нивните финансиери и луѓето коишто го крерираа овој трул систем што донесе неправди, трагедии и иселување.

Ова е повик за обединување бидејки сме посилни и побројни.

Одговарајки на нивните напади, приликата ја користам да се извинам на луѓето коишто ги имам повредено во емоции, затоа што ме нападнаа бидејки сум славел со свирачи влез во втор круг. Мојата намера не беше лоша туку сакав во Ромското маало да им се заблагодарам на моите сограѓани коишто дале поддршка во првиот круг од Локалните избори.

Приликата ја користам  и да се извинам на фамилијата на Панчо ДНК, неговите пријатели и поддржувачи бидејки одговорив искрено на новинарско прашање. Јас сум човек и можеби некогаш ќе погрешам, меѓутоа моите гревови се капка во морето споредбено со нивните гревови и системот којшто тие го крерираа и создадоа, трагедии, нерправди и иселувања.

Затоа ве повикувам сите, да се обединиме и да ги поразиме во вториот круг од Локалните избори со цел да го промениме системот и да го направиме Кочани поубаво и похумано место за живеење.

Венко Крстевски, независен кандидат за градоначалник на Кочани

Сподели: